притисни ентер »

Првото парно во Скопје било инсталирано во резиденцијата на Јосиф Михајловиќ
Првото парно во Скопје било инсталирано во резиденцијата на Јосиф Михајловиќ

Првото парно во Скопје било инсталирано во резиденцијата на Јосиф Михајловиќ

Под Калето и денес постои раскошната семејна куќа на некогашниот градоначалник на Скопје, Јосиф Михајловиќ, кој ја изградил во 1937 година и ја проектирал како инженер архитект. Тој бил градоначалник на Скопје во два мандата: од 1929 до 1936 година и од 1939 до 1941 година, кога починал. Сега во оваа куќа се наоѓа Амбасадата на Република Албанија.