притисни ентер »

Извори

Off.net

Трамп: Идиотите ќе направат Трета светска војна пред изборите
Трамп: Идиотите ќе направат Трета светска војна пред изборите

Трамп: Идиотите ќе направат Трета светска војна пред изборите

На пет месеци до американските претседателски избори, поранешниот претседател и повторeн кандидат за таа позиција оценува дека дотогаш може да избие Трета светска војна заради некомпететноста на американското водство. „Со вакви идиоти какви што сега ни ја водат земјата, нема да останат многу луѓе бидејќи моќта на денешното оружје е страотна,“ порача

Усик го разби Тајсон Фјури и стана прв апсолутен шампион во XXI век

Усик го разби Тајсон Фјури и стана прв апсолутен шампион во XXI век

Со поделени одлуки на судиите, во „Кралска Арена“ во Ријад, Саудијска Арабија пред речиси 30.000 гледачи, Украинецот Александар Усик го совлада до синоќа неприкосновениот шампион Тајсон Фјури од Велика Британија. По 12 рунди феноменален боксерски меч, двајца судии бодуваа за Усик (114-113 и 115-112) а еден за Фјури (114-113). 37-годишниот Усик, роден

Ќе се изнагледаме вакви клизачи

Ќе се изнагледаме вакви клизачи

Како и секој стар човек, и Џо Бајден е греота да се закача заради староста ама па уште погреота сме сите ние на планетава ако остане (макар номинално) на таква позиција со таква физичка и ментална кондиција (кон крајот на тој мандат би бил комплетен холограм). Трамп го сподели овој спот со фановите. "Joe Biden & The Alzheimers", бе!"Keep falling",

Книжевни совети од Буковски

Книжевни совети од Буковски

Нашле кого да прашуваат од каде ја црпи инспирацијата за пишување и творење. Стариот одма покажува на боцата која му е во рака како што куката му е на капетан Кука. Накратко: вино и пиво - да, виски - не. Второво пребрзо те пијани и стануваш премногу драматичен и онда срање. Со пиво или вино можеш со саати. Проверено.

Букбокс читанка: „Кога престануваме да го разбираме светот“ од Бенџамин Лабатут

Букбокс читанка: „Кога престануваме да го разбираме светот“ од Бенџамин Лабатут

Ретко се случува да сме толку воодушевени од некоја книга што го одложуваме пишувањето за неа за да не си го расипеме чувството, кое во процесот на прераскажување и интерпретирање се рационализира и разводнува. Оваа е една од нив. Приказната за тоа како стигнавме до оваа книга е речиси исто толку интересна колку и самата таа. Следејќи го Џон Лури на

На маргините на големите средби

На маргините на големите средби

Еден дражесен детал “од втор план“ на големата и битна руско-кинеска средба на ниво Путин- Џинпинг. Двајца бодигарди од руското и кинеското обезбедување. Застанаа еден покрај друг, се видоа, си климнаа со главите и се разбраа дека сè е ок. Колеги и професионалци, со почит за лебот што го јаде другиот.

Поуки од Евровизија: Договорната економија ја уништува Европа, од политиката до шоу бизнисот

Поуки од Евровизија: Договорната економија ја уништува Европа, од политиката до шоу бизнисот

Системот на договарање го реши победникот на Евросонг. Иако не сум склон кон теории на заговор, швајцарскиот преставник тешко ќе дојдеше до победа без оркестрирано наговарање од едно место. Швајцарија победи и пред настапот затоа што е најмалку конфликтна па следната Евровизија ќе се врати дома, во државата која е и седиште на ЕБУ. Така нема да се

Цивилните жртви на американскиот анти-тероризам

Цивилните жртви на американскиот анти-тероризам

Кон крајот на февруари оваа година, официјалната војска на Буркина Фасо има убиено преку 220 цивили од кои 56 биле деца, во две села на северот на земјата. Знае Африка да биде брутална. Меѓутоа, ова е армија чии офицери се обучувани од американската војска. И згора на сè, даскалите уште се таму, да не им затребаат на учениците дополнителни часови.

Теодосиевски: Читачи на мисли

Теодосиевски: Читачи на мисли

Ние имаме генерален проблем што молчиме кога другите говорат глупости. Таквото наше премолчување ја засилува нивната илузија дека се во право. Дури ќе прочитате дека новата претседателка игра „опасни игри“, ( Соња Крамарск а - н.з.) дека ветувала дека ќе ги претставува сите граѓани, ама „изгледа заборави на 610 илјади граѓани кои го дадоа својот глас

Русјаков: По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија

Русјаков: По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија

Гордана Силјановска-Давкова дава заклетва. Пет минути подоцна се вклучуваат сирени за тревога. Земјата се тресе, земјотресот е многу силен, со епицентар од Брисел до Бихаќска. По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија. Небањатите ни ја крадат иднината! ВМРО-ДПМНE ќе го укине идното време во граматиката! Силјановска-Давкова ѝ објави