Супер-деби на Талески со 7 гола, Поповски погоди трипати
Македонскиот ракометар Филип Талески имаше одлично деби за швајцарскиот прволигаш Сур Арау. На својот прв настап за новиот клуб, во натпреварот од 13. коло во швајцарската НЛА, Талески постигна седум гола од осум обиди, со импресивна реализација од 87 проценти. Арау на домашен терен славеше убедлива победа над Штафа со 35:26, а Талески веднаш покажа







