Дали „гниењето на мозокот“ е реално? Научниците ги објаснуваат опасностите од гледањето кратки видеа
Експертите сè повеќе истражуваат како влијаат врз мозокот кратките видеосодржини на социјалните мрежи, на пример, „Тик-ток“, „Инстаграм рилс“ и „Јутјуб шортс“, бидејќи стануваат една од доминантните форми на забава. Новите истражувања ја поврзуваат претераната консумација на вакви видеа со тешкотии во вниманието, самоконтролата и општо послаби когнитивни

