Мицкоски најави закон: Дел од новите станови ќе бидат поевтини за млади брачни двојки
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави нов пакет мерки насочени кон младите, со акцент на решавање на прашањето со домувањето и подобрување на животниот стандард на младите брачни двојки. Обраќајќи се на 35-тата годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски соопшти дека една од клучните мерки ќе биде законско







