Apple разгледува можност за телефото додаток за iPhone 18 Pro моделите
Новите информации сугерираат дека Apple ја тестира можноста за надворешен телефото додаток, што значително би го проширило фото-потенцијалот на идните iPhone модели. Дополнителните телефото објективи, познати како телефото конвертери, во последните години станаа популарен додаток за телефони со фокус на фотографирање на оддалечени објекти и сцени.

