„Кадифено“ – концерт на Зарина Првасевда на 20 декември во Скопје
Пејачката Зарина Првасевда ќе одржи концерт во Скопје на 20 декември во Филхармонијата и ќе го промовира нејзиниот нов музички проект „Кадифено“. Гости ќе и’ бидат турскиот виртуоз Џенк Ердоган, перкусионист и Ахмет Алан, мултиинструменталист. На сцената ќе им се придружат и македонските музичари Андреа Мирческа и Тони Арслан. – За прв пат во Скопје


