Протестен „Блокадафест“ пред цементарницата „Усје“: Граѓаните бараат чист воздух и дислокација на фабриката
Стотици граѓани вечерва учествуваа на протестната блокада пред цементарницата „Усје“ во Скопје, организирана под името „Блокадафест“ од граѓанското движење „Стоп за Усје“. Осумчасовниот настан се одвиваше со музичка програма, настапи на бендови и диџеи, а демонстрантите го блокираа влезот на фабриката, испраќајќи порака дека, како што велат, отпорот










