Во Виница по првпат се одржува „Марш на ангелите“: Условна казна не е правда за 63 изгубени животи
Одговорност од институциите кои со години дозволувале во објектот на таканаречената кочанска дискотеа Пулс да се вградуваат несоодветни и опасни материјали, меѓу кои и полиуретански сунѓери кои при пожар испуштаат цијанид, побараа родителите на загинатите во трагедијата во Кочани. Велат дека обдукциските наоди покажале оти голем дел од жртвите починале










