11-годишно девојче тешко повредено во сообраќајка, возачот побегнал
11-годишно девојче вчеравечер било тешко повредено во сообраќајна незгода во населбата Маџари, кога на неа налетало патничко возило. Возачот побегнал од местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот за целосно расчистување на случајот.









