Инцидент на автопат во Грција: Се запали патнички автобус во движње во Солун – патниците и возачот успеале навреме да го напуштат возилото
Пожар избувна рано наутро во вторник во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, северна Грција, објави грчки „Екатимереини“. Пожарот избувнал додека автобусот се движел на автопатот Патра-Атина-Солун-Евзони. Сите тројца патници и возачот излегле од возилото на време, додека автобусот бил целосно уништен од пожарот.










