Нема назначување нови потпретседатели, легитимно е да се создадат фер услови во трката за иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ковачки
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што претстои да создаде фер услови за фер игра во трката за иден лидер на партијата, вели новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Во „Тема на денот“ на ТВ Сител тој кажа дека не станува збор за укинување










