Нов Србин ќе го засили РК Вардар
Ракометарот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ, се наоѓа пред трансфер во редовите на Вардар. Според информациите од српските медиуми, договорот меѓу двете страни е практично постигнат, а преостанува уште клубовите да ја усогласат сумата за обештетување што скопскиот тим треба да ја исплати. Доколку трансферот се реализира, Тасиќ ќе стане уште еден дел


