Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерството за одбрана
Поранешниот припадник на „Волците“, полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска раководителка на военото разузнавање, вработена во Министерството за одбрана се лицата кои загинаа во сообраќајката кај Момин Поток, во близина на касарната „Илинден“. Информацијата ја сподели поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска на социјалните мрежи.