Знаци дека внесувате премногу витамини – што предупредуваат лекарите
Иако често се смета дека витамините не можат да наштетат бидејќи природно се наоѓаат во храната, нивното прекумерно внесување преку суплементи може да доведе до несакани последици. Многумина ги гледаат додатоците во исхраната како безопасни, но експертите предупредуваат дека и со нив може да се претера, особено ако се земаат без консултација со лекар


