Ќе има ли живот за нас?
Припаѓам на генерацијата родена во седумдесеттите. Поточно, во 1976 година. Генерација која растеше во едно време, а живееше во друго. Генерација воспитувана за свет кој исчезна токму кога требаше да влеземе во него. Нè учеа да бидеме фини, културни и образовани. Да ги почитуваме постарите, да читаме книги, да им помагаме на послабите и да не газиме

