Милан Лазаревски – од отпишан кадет до миленик на навивачите: Не играм за пари, сакам да оставам трага!
Пикерската позиција во ракометот важи за една од најтешките позиции која најмногу бара. Постојаните дуели, ударите и борбата со противничките одбранбени играчи се само дел од предизвиците со кои се соочуваат ракометарите на оваа позиција. Еден од нив е и македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски, кој настапува за Вардар и важи за важен дел од играта

