Камион излета од патот на скопската обиколница, полицијата е на терен
Сообраќајна несреќа се случила на скопската обиколница, на делницата од Качанички пат кон Бутел, каде што камион излетал од коловозот. Информацијата ја објави Скопје1, кои споделија и видео . На местото на несреќата се присутни полициски екипи. Засега нема информации за причините за излетувањето, ниту дали има повредени лица.





