Започна првото издание на „Чкембе фест Битола 2026“
„Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам“ е мотото на првото издание на манифестацијата „Чкембе фест Битола 2026“, која денеска започна во Битола. Организатори се Здружението за културни, уметнички, традиционални и забавни активности „Гурман плус“ Битола и Здружението за угостителство и туризам „Еснаф“ од Битола, а со поддршка










