Ненад Димитријевиќ го победи Ти-Џеј Шортс во двобојот во Евролигата, но и имаше непријатно паѓање на паркетот
Без повредениот Кендрик Нан, Панатинаикос не успеа да се спротивстави во Минхен и доживеа пораз од Баерн со 85-78. Германскиот тим, предводен од Светислав Пешиќ, ја забележа осмата победа сезонава во Евролигата, додека гостите од Атина го запишаа деветтиот пораз во 22 кола. Иако Панатинаикос во најголем дел од натпреварот имаше мала резултатска предност,

