„Иднина која инспирира“: dm ќе поддржи најмалку три проекти за подобра заедница
Секоја позитивна промена започнува со идеја и со луѓе кои веруваат дека можат да направат разлика во заедницата. Токму затоа dm , преку платформата „ Иднина која инспирира “, ги повикува здруженијата, организациите, институциите, училиштата и единиците на локалната самоуправа да ги пријават своите проекти и да добијат поддршка за нивна реализација







