Жичницата на Водно денеска нема работи - ова е причината!
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје соопшти дека денеска жичницата на Водно нема да работи поради засилен ветер. Од ЈСП посочуваат дека брзината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници, поради што жичницата е привремено ставена вон функција за безбедност на патниците.



