Лов на лебедовото езеро (шест песни)
СТАКЛЕНИТЕ ЛЕИ Во Плевење, на сон, на горните ниви, во плевната наша со сламена стреа, роднините мои, и мртви, и живи, на истото место насобрани беа. Со никого – поздрав! Бакнеж – исто така! Погледнував немо. Со главата нишав. Роднинската љубов ми се стори млака, па истиот воздух нејќев да го дишам. Залудно се трудев со сите да спорам. Навреден и бесен

