ТФТ го “скрши“ Чаир за продолжување на победничката серија
Само два дена по настапот во АБА2 лигата, денеска ТФТ во крајно невообичаен “утрински“ термин од 12 часот, во меч од 14.коло во нашата елитна лига, успеа да дојде до победа против составот на Чаир. На крајот резултатот гласеше 111:91 за големиот фаворит на овој натпревар кој се одигра во салата во Маџари. Гордон со 25 и Ташовски со 22 поени се истакнаа




