Од 1991 до денес: 35 години културен наратив познат како Канал 103
На 1 мај 1991 година, во македонскиот медиумски простор се роди една од најзначајните приказни во нашата современа историја: култното радио Канал 103, познато и како „Стотројка“. Радиото започна со работа во рамките на Македонската радио-телевизија, во време кога медиумскиот пејзаж во Македонија се менуваше и иницираше нови културни и музички правци

