Експлодирал електричен бојлер во Свети Николе, сопственикот повреден!
На 26.12.2025 во 07:29 часот во ОВР Свети Николе, С.П.(49) од Свети Николе пријави дека околу 06:45 часот во неговиот семеен дом експлодирал електричен бојлер. Од настанатата експлозија, тој се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа и се работи на расчистување на случајот.




