Ана стојаноскa ќе настапи на детската Евровизија во Малта, публиката може бесплатно да гласа
Младата поп-пејачка Ана Стојаноска вечерва (24 октомври) ќе настапи на 24. издание на детската Евровизија во Малта, со песната „Идната јас“. По една недела интензивни проби, таа вчера ја имаше генералната проба пред стручното жири. На натпреварот ќе учествуваат претставници од 16 земји, а нивните настапи ќе ги оценуваат петчлени национални жирија.










