Зарина и пријателите нè понесоа на кадифено музичко патување низ времето, низ фолклорот на Балканот
Моќен глас одекна во полното гледалиште на Филхармонијата во саботата вечерта. Како во нејзините први настапи кога го запознавме нејзиниот раскошен талент, пеејќи од врв на планини, така и почетокот на концертот беше во тој дух. Првата песна го најави концертот кој убедена сум дека ќе го памети публиката. Меко, кадифено, топло, во преубава поставеност







