Turkish Airlines меѓу првите пет авиокомпании во светот до 2033 година, најави извршниот директор
Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ ќе биде меѓу петте најголеми авиокомпании во светот до 2033 година, кога ќе достигне флота од 813 авиони, изјави во вторник извршниот директор на авиокомпанијата, Билал Екси. Флотата на „Туркиш ерлајнс“ порасна од само 65 авиони во 2003 година на 514 денес, нагласи тој, пренесува агенцијата Анадолу


