Автобусите на ЈСП денес и утре со посебен возен ред
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека денеска и утре, нивните автобуси ќе работат по неделен возен ред. Денес (06.01.2026) - Бадник и утре (07.01.2026) - Божиќ, ќе се работи по неделен возен ред. Денеска дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: - Транспортен центар (од 08:00 до 14:00 часот); - Жичница (од 10:00 до 17:00 часот)










