Јаник Синер го заборави поразот од Ѓоковиќ, па убедливо тргна на турнирот во Катар
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја оствари првата победа по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен. Тој беше подобар од Томаш Махач од Чешка со 2:0 во сетови (6:1, 6:4). Синер триумфираше прилично лесно – првиот сет го доби по само 26 минути игра, со два брејка. Чешкиот тенисер немаше одговор на сервисот на Италијанецот, а Синер





