Реконструкцијата на улицата „Фредерик Шопен“ во напредна фаза
Реконструкцијата на улицата „Фредерик Шопен“ во населбата Бирарија е во напредна фаза. Според градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, станува збор за важен инфраструктурен зафат со кој се излегува во пресрет на долгогодишните барања на жителите и директно придонесуваме за поголема сообраќајна сигурност во овој дел од општината

