Почна да се гради автопатот Кичево-Букојчани – проектот од 12 километри се очекува да биде завршен за четири години
Поставен е камен-темелник за изградба на автопатот Кичево-Букојчани, во должина од 12 километри. Овој автопат е дел од Коридорот 8 и започнува таму каде што завршува автопатот Кичево–Охрид, додека поврзувањето е во селото Крушино. Овој дел од автопатот ќе се поврзе со автопатот Гостивар-Букојчани, на кој во моментов се работи. Министерот за транспорт










