Во НБА го шутираат како вреќа, а на Евробаскетот се бори за МВП-наградата
На Светското првенство во кошарка во 2023 година, на Филипините, Денис Шрудер беше прогласен за МВП-играч на турнирот, а сега, две години подоцна, на Евробаскетот, бележи во просек по 20,1 поен, 5,9 асистенции и 3,3 скока и е еден од кандидатите за најкорисен играч на натпреварувањето. Но, пред само неколку месеци имаше кошмарна клупска авантура, кога