Андоновски: Македонија напредна за 16 места на Индексот на ОН за е-влада за 2026
Македонија е рангирана на 68-мото место во светот според индексот за развој на Обединетите Нации за е-влада за 2026 година, што претставува напредок за 16 позиции во однос на претходното рангирање од 2024 година кога беше на 84-то место, и најдобар пласман од 2010 година, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на прес-конференција






