Не се само топлите бранови: Симптомите на менопаузата што многу жени не ги препознаваат
Годинешниот Светски ден на менопаузата го става фокусот и на хроничната болка – симптом кој често останува во сенка на останатите промени. Кога ќе се спомене менопауза, првата асоцијација најчесто се топлите бранови. Но, за многу жени промените започнуваат поинаку. Една жена забележува дека не може да спие како порано. Друга чувствува болки во зглобовите



