„Маршот за ангелите“ во Кочани на 9 Мај: Родителите бараат правда, не заборав за трагедијата во „Пулс“
На 9 Мај, денот кога Европа ја одбележува победата над фашизмот и крајот на едно од најмрачните поглавја во историјата, Кочани повторно маршираше. По 42. пат, родителите и роднините на младите кои загинаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ излегоа на улиците, не само за да се сеќаваат, туку и за да потсетат дека нивната битка сè уште трае. Во










