Странските инвеститори предложија решенија за проблемите кои ја кочат Македонија да стане поконкурентна и да привлече повеќе инвестиции
89% од компаниите се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила. 80% од компаниите се соочиле со проблеми во процесот на одобрување или исплата на државната помош. 90% ги зголемиле платите во 2025, во просек за 10,5%. Само 7% се целосно задоволни од Aftercare услугите. Ова се дел од наодите од најновата анкета Business and Investment Indicator









