Мицкоски: Се укинува ресорот за добро владеење во Владата, отсега ќе биде дел од премиерскиот кабинет
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење ќе биде укината, а надлежностите од овој ресор ќе преминат директно под кабинетот на претседателот на Владата. Во интервју за Телма, во пресрет на вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски изјави дека концептот на добро










