Сотирис Минас, грчки поет: Објавувањето на моите песни на македонски е чин на правда
Во издание на „Матица македонска“ наскоро излегува „Раскинување на договорот“ / „Λύση Συμβολαίου“, дебитантската двојазична стихозбирка на Сотирис Минас – книга во која македонскиот јазик станува чин на солидарност, отпор и достоинство. Во време кога јазикот и идентитетот сè уште знаат да бидат предмет на премолчување, притисок и политички калкулации,



