Крис Пол ја завршува блескавата кариера
Голема кариера ќе заврши на крајот од оваа сезона. Според добро информирани извори од НБА лигата, Крис Пол ќе стави крај на својата играчка кариера по завршувањето на оваа сезона, која е негова 21-ва во професионалниот кошаркарски живот. Тој моментно игра за ЛА клиперс, а се смета за еден од најдобрите класични плејмејкери во историјата на НБА лигата





