Го уништивме „Езеро Треска“, а за’рѓаа и реквизитите во аквапаркот
И ова лето, скопјани ќе останат со куси ракави, но без можност за соодветно разладување. Комплексот „Езеро Треска“, кој некогаш беше синоним за летната шема, сега чмае запуштен, се дозволува да се злоупотребува и кањонот Матка, а и патот до него е преполн со дупки. Не работи ниту аквапаркот во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Тоа значи

