Селена Гомез во „Шанел“ шиен 323 часа – гламур што го украде шоуто
Актерката и пејачка Селена Гомез привлече големо внимание на доделувањето на Златните глобуси, појавувајќи се во гламурозна креација за чија изработка биле потребни 323 часа. Гомез беше номинирана за најдобра главна женска улога во телевизиска серија од жанрот мјузикл или комедија, за улогата на Мејбел Мор во серијата „Само убиства во зградата“ („Only






