Минесота го прегази Денвер за предност во серијата 2:1
Во третиот натпревар од осминафиналето на НБА плејофот, Минесота лесно победи против Денвер – 113:96, за водство од 2:1 во победи. Веќе на почетокот на средбата беше јасно во кој правец ќе одат работите. Минесота поведе со 5:0, кратко потоа ја имаше својата прва двоцифрена предност (14:4), по само седум минути игра. Гостите не можеа да најдат решенија










