Потресно сведоштво на сосетка открива детали за трагедијата во скопско Тафталиџе: Девојчето тропало по врати и барало помош за мајката
Трагедијата во скопската населба Тафталиџе, во која животот го загубија мајка и нејзината шестгодишна ќерка, можеби можела да биде спречена – тврдат соседите кои со месеци слушале расправии и повици за помош од станот каде што живеело семејството. Сосетката Тања Спировска во изјава за медиумите раскажува дека насилството не било изолиран инцидент,





