Зачинот е здрав, но суплементите со високи концентрации може да го загрозат здравјето на бубрезите
Куркумата, еден од најпопуларните зачини во последните години, често се користи поради нејзините потенцијални антиинфламаторни својства. Се додава во различни јадења, но сè почесто се зема и како додаток во исхраната, во форма на капсули и концентрирани препарати. Токму кај овие производи експертите предупредуваат на можни ризици, особено за луѓето


