притисни ентер »

„Татко, мајка, сестра, брат“ на Џармуш од вечерва во Кинотека
„Татко, мајка, сестра, брат“ на Џармуш од вечерва во Кинотека

„Татко, мајка, сестра, брат“ на Џармуш од вечерва во Кинотека

Новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш „Татко, мајка, сестра, брат“ пристигнува на репертоарот на Кинотека од вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија.  Неговата минималистичка естетика, тивките паузи и егзистенцијалниот хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор за созерцание, а не само за наративна ефикасност