ChatGPT, Gemini, DeepSeek… која вештачка интелигенција дава најмногу грешни одговори?
AI чет-ботовите не се совршени и повремено можат да „халуцинираат“, односно да даваат неточни одговори – кој предничи во тоа? Големите јазични модели функционираат така што препознаваат обрасци и ја предвидуваат следната најверојатна реч во низата, а не така што навистина „знаат“ факти. Проблем настанува кога моделот не може да пронајде јасен образец



