Без вода попладнево делови од една скопска општина
ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците во Сарај. Од таму информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм на улица Дарданија бб (до дрво продукт Сарај), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од селата Горна Матка, Долна Матка, Глумово, Шишево и дел од Сарај


