„Зарем може да има поубаво чувство од македонската химна на светскиот врв“, вели 15-годишниот светски шампион во карате Марко Џорлев
За финалниот натпревар на Светското првенство во Полска вели дека борбата ја добил уште пред да почне, победил рутински, без многу мака зашто бил многу добро подготвен и мотивиран. Филмскиот хит „Карате кид“ ја разбудил желбата на Марко Џорлев да се занимава со карате. На петгодишна возраст ги направил првите чекори во овој спорт, а денес, на 15 години,







